Медиа принт: Злоупотреба без преседан е некрологот за Рудолф Хес

Од:

За скандалот и острите реакции по објавувањето на некролог за нацистичкиот злосторник, и заменик на Хитлер,  Рудолф  Хес, се огласи „Медиа принт Македонија“.

„Медиа принт Македонија“ им се извинува на читателите на дневните весници „Дневник“ и „Вест“ за, како што велат,  ненамерниот пропуст направен  со објавување тажен помен “По повод 25 години од смртта на Рудолф Хес“, објавен од приватно лице во „Мали огласи и тажни помени“.

„Медиа принт Македонија“ ги известува читателите дека огласниот простор е злоупотребен за пласирање содржини, кои ниту редакцијата, ниту компанијата, не само што не ги подржуваат, туку и остро ги осудуваат. Оваа злоупотреба, стои во соопштението, компанијата ја пријавила во полицијата за натамошна истрага.

Појаснуваат дека во огласите уредуваќката политика  на весниците нема удел. Тоа, велат е закупен простор.

Станува збор, велат,  за  злоупотреба без преседан и се случува прв пат во нашата досегашна работа. За конкретниот случај ќе биде спроведена и внатрешна истрага.

Би можело да ве интересира

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска

Внукот на Ањели пријавил смртни закани по објава на Твитер за фашистички групи

Жарко Настоски

Европа скромно ќе го одбележи Денот на победата

Ана Ололовска

Светот слави Ден на победата над фашизмот или Ден на Европа

Ана Ололовска

Најбогатото германско семејство ги поддржувало нацистите

Ана Ололовска

Теорија на заговор разоткриена по 70 години