Шарлота Понс беше среќно петмесечно бебе, кога во нејзината лулка влезе ракун и ја нападна.
Десет години подоцна, Шарлота е подготвена за пластична операција во која ќе и бидат заменети носот, увото и дел од усната.
По немилата случка, таа 2002, родителите го загубија старателството, а девојчето го посвоија бабата и дедото.
Операцијата ќе биде тешка и ќе трае околу 10 часа.
Бабата и дедото се многу уплашени и загрижени, но и многу возбудени.
Но Шарлота не е воопшто нервозна. Таа точно знае што ќе се случува во салата за операции.
„Ќе ми ги поправат устата, носот а можеби и увото“, вели Шарлота.