Дали некој повторно си игра со инвалидите?

Од:

Дали и кој си игра со оние кон кои животот бил немилосрден.

По одлуката, инвалидите  и покрај нивната судбина и мака, да го докажуваат својот инвалидитет, сега од непознати причини власта се предомисли, и вели,  лицата со траен инвалидитет не треба да вадат вакви потврди .

Мерима Јонузовска, која  за а1 пред дваесетина дена говореше отворено за скандалозната одлука, сега  е шокирана од изјавата на ресорниот министер, дека маките  биле залудни.

Овие граѓани со колички, со други помагала дојдоа да си ја исполнат обврската за да не им биде укината инвалиднината, која изнесува околи 4.200 денари. За потврдата, која ја добија без да бидат прегледани, платија 2.500 денари.

Мерима, која е познат борец, и не се плаши да ја каже вистината, прашува, дали и како ќе им бидат вратени парите, и кој ќе им ја надомести болката, маката и понижувањата.

Би можело да ве интересира

„Сите сме исти” – Јанкула од Мала Преспа го донира својот трициклот на лица со попреченост

Ана Ололовска

Дебата „Погледни ги способностите – состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“

Ана Ололовска

Конференција за трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со инвалидност

Ана Ололовска

Масовна средба на лица со телесен инвалидитет

Ана Ололовска

Марш за покревање на јавната свест за проблемите на лицата со параплегија и квадриплегија

Ана Ололовска

Штипското Здружение на телесни инвалиди бара субвенционирање на сметките за вода

Ана Ололовска