Јакимовски:Цената на бензинот може да се намали под 65 денари за литар

Од:

Последното поскапување на струјата, бензинот и парното греење станува неподносливо и прашање за преживување на стотици илјади семејства во Македонија. Куповната моќ на граѓаните, која и пред последниот ценовен шок беше ниска, уште повеќе се намалува. Невработените и сиромашните уште сега се мислат како ќе ја преживеат претстојната зима, во која и онака ниските примања нема да им стигнуваат за да ги подмират сметките.

„Со последните цени, дури и граѓаните кои имаат редовни и релативно високи примања ќе почувствуваат силен удар врз семејниот буџет. Со последните зголемувања на цената на струјата, бензините и парното ќе го чинат домашниот буџет дури 350 евра повеќе на годишно ниво“, реагира СДСМ на поскапувањето на  струјата, бензинот и зимското греење.

Уште пострашна е , вела, инфлаторната спирала која и се заканува на Македонија поради поскапувањето на бензините и струјата. неизбежни стануваат поскапувањето на лебот, брашното, маслото и другите прехранбени производи, но и останатите основни производи и услуги, потребни за нормален живот на едно семејство.

„И покрај секојдневните повици, Владата не покажува дека има намера да ја прифати предлог мерката на опозицијата и да ја намали акцизата на нафтените деривати, со што цената на горивата привремено би се спуштила за неколку денари, а со тоа би се ублажил ефектот на инфалторната спирала и донекаде би се спречиле поскапувањата на храната и останатите основни производи.Според проценките, Македонија дневно троши по околу 1.000 тони нафтени деривати. Тоа значи дека државата, само по основ на акцизи, инкасира повеќе од 300.000 евра дневно во буџетот, или околу 10 милиони евра месечно“, изјави на прес конференција Стефчо Јакимовски.

„Ако Владата привремено се откаже од само половина од овие приходи, или од само пет милиони евра месечно цената на бензинот може да се намали и за десет до дванаесет денари по литар, со што цените би се вратиле на нивото под од околу 65 денари за литар. Ова би значело огромно олеснување за граѓаните и фирмите и барем делумно би го запрело бранот на поскапување на храната и останатите основните проиводи, предизвикан од растот на цената на бензинот“, предлага СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он