МОС: Итна и неотповиклива оставка на Бесими

Од:

„Бранителите од МОС- Македонски обединети сили, најостро го осудуваат провокативниот чин на поклонување на армиски и државни структури на гробот на загинатите од УЧК од 2001 година во Слупчане“, се вели во соопштението на МОС.

Со ваквиот настан, велат, се нарушува достоинството на македонските бранители, се нарушуваат меѓуетничките односи во Македонија и се создаваат услови за нивна ескалација.

„Ги повикуваме институциите во Македонија, што имаат мандат, најитно да ги санкционираат припадниците на АРМ кои го направија тој чин, а од министерот за одбрана Фатмир Бесими, бараме итна неотповиклива оставка“, стои во соопштението на МОС.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он