Новак Ѓоковиќ го освои третиот трофеј во 2012-та година, откако, во финалето на Роџерс купот во Торонто, го победи Гаске од Франција со 6:3, 6:2.
Дуелот траеше нешто повеќе од еден час. Ѓоковиќ имаше 17 директни поени и 12 неизнудени грешки. Гаске имаше 18 грешки и двојно помалку винери од Новак.
Српскиот тенисер го освојува Роџерс купот по трет пат. Ова е 31 титула за Новак, а 11-та на Мастерс турнирите.