ВМРО-ДПМНЕ: Дали во време на СДСМ струјата и парното не поскапувале?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев прашува дали во време на СДСМ струјата и парното не поскапувале и дали тогаш Владата ги носела одлуките или Регулаторна комисија изгласана од мнозинствот на СДСМ во Собранието.

Дали Георгиев знае колку проценти за време на СДСМ поскапеа струјата и парното? Дали Георгиев знае кој го донесе ЕВН во Македонија и му го даде на тацна државното ЕСМ за евтини пари и дали знае дека токму ЕВН е главниот барател на покачувањето на цената на струјата што и самата компанија не го крие?, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Владејачката партија воедно упатува прашање до Георгиев дали знае кој во тоа време бил против приватизацијата на ЕСМ на ЕВН и жестоко се спротивставувал, предупредувајќи дека тоа долгорочно ќе значи зголемување на цената на струјата.

Дали Георгиев помни додека тој глумеше „невладин активист“, колку пати Црвенковски јавно ветуваше дека струјата нема да поскапи, а таа поскапуваше веќе следната недела? Дали треба да му ги извадиме снимките од тие ветувања на Црвенковски, за да се отрезни чија марионета е станат?, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски