Пол Рајан како потпретседателски кандидат на Ромни

Од:

Американскиот претседателски кандидат Мит Ромни го потврди изборот на конгресменот од Висконсин Пол Рајан како негов потпретседателски кандидат за изборите во ноември на кои ќе се соочат со претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден.

Рајан, ѕвезда во подем на Републиканската партија, е претседател на комитетот за буџет во Претставничкиот дом, позиција која ја искористи за неколку радикални буџетски предлози кои предвидуваат приватизирање на системите за пензиско и здравствено осигурување и менување на даночниот модел на САД. Овие предлози беа силно критикувани од Демократската партија, но и дел од републиканците и беа изгласани во Конгресот, но со нив Пол Рајан беше стана водечки глас за намалување на американскиот долг и реформирање на економијата.

Изборот на Рајан беше најавен во раните утрински часови, преку специјална телефонска апликација, по што веднаш почнаа нападите врз него од страна на демократите. Се очекува дека главна критика на демократите врз Рајан ќе бидат плановите за приватизација на пензискиот систем, во обид да ги заплашат пензионерите-гласачи со најавените реформи на Рајан.

Ромни и Рајан заедничката кампања ја почнуваат од градот Норфолк во Вирџинија, каде ќе се обратат на местото каде е закотвен воениот брод Висконсин, по што почнува нивната турнеја низ државите во кои ќе се решат претседателските избори – Вирџинија, Флорида, Охајо и Северна Каролина.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени