Во заедничка акција на полицијата од Валона и специјалната гранична полициска единица Делта форце од комесаријатот од Драч, кај полуостровот Карабурун запленета е количина од еден тон марихуана.
Крајната дестинација на дрогата била Италија. Акцијата следувала по претходни оперативни созанија дека голема количина на дрога се наоѓа на брегот на полуостровот, подготвена за транспорт кон италијансккиот брег.
– Полицијата од Валона во координација со специјалната полициска гранична единица Делта форце, од комесаријатот во Драч, органиизраа заедничка акција и кај заливот „Свети Василиј“ на полуостровот Карабурун, откри и заплени тон маихуна, стои во соопштението на полицискиот комесаријат од Валона.
Италијанската полиција, завчера во Венеција заплени 150 килограми марихуна, откриени во напуштен автомобил, а само ден пред тоа 116 килограми скриени во комби возило управувано од албански државјанин. Од почетокот на годинава албанската полиција има запленето околу единаесет тони марихуана домашно производство.