СДСМ и ПЕИ и СЛ: Извештаите потврдуваат – Во Македонија, како во диктатура

Од:

Извештаите за Македонија на Стејт Департментот и на Амнести интернешнл наликуваат како на извештај за афричка а не за европска земја.

Во извештаите, предупредува опозицијата се потврдува дека Македонија живее во диктатура, и дека ова е резултат на владеење на режим, како што велат, скаран со демократските вредности.

Слободата на изразувањето на новинари и независни медиумски работници е се повеќе ограничено со владино мешање, што се протега од директно заплашување до контрола на рекламните компании. До октомври 105 случаи на клевета биле отворени против новинари.

„Во јануари властите ги замрзнаа сметките на телевизијата А1, како и со нејзе поврзаните весници Време, Шпиц и Коха е Ре, кои беа критички настроени кон владата, нотира Амнести интернешнл.

Во извештајот на Стејт Департментот, се споменуваат и случаите Нешкоски, Рамкоски, Бошкоски, Цаноски, а како пример за мешање на власта во судството забележан е случајот кога претседателот на Собранието на сослушување го повикал тогашниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

Сето ова, посочува опозицијата, ќе биде нотирано и во есенскиот извештај за Република Македонија.

Kатерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски