Шест загинати и тројца повредени, во пожарот кој избувнал денеска во хотел во јапонскиот град Фукујама.
Двајца мажи и четири жени се мртви, потврдил локален полицаец, додавајќи дека има повредени и од хотелскиот персонал.
Хотелот „Принц“ во Фукујама, на 600 километри западно од Токио, се запалил во седум часот изутрината по локално време.
Причините за пожарот се уште не се познати, соопшти јапонската полиција.