Полицијата ќе остане без нови возила, тендерот поништен

Од:

Поништен тендерот за полициски возила – невалиден електронскиот потпис на Порше Македонија, Кадис со несоодветна цена.

Комисијата за јавни набавки по извршената евалуација на поднесените понуди во постапката за набавка на 150 моторни возила за полициска употреба го поништи тендерот за набавка на полициски возила на кој учество земаа две компании поради невалиден електронскиот потпис и несоодветна цена.

МВР денеска соопшти дека при проверка на валидноста на електронскиот потпис со кој се потпишал еден од понудувачите, „Порше Макединија“ ДООЕЛ од Скопје, комисијата утврдила дека понудата не е потпишана со валиден електронски потпис.

„Во деталната проверка на валидноста на документот-понуда, е утврдено дека потписот со кој е потпишана понудата и другата документација издадена од економскиот оператор Порше Македонија ДООЕЛ од Скопје, е креиран самостојно, издаден е од страна на овластеното лице за потпишување на понудата, но истиот не ги носи податоците со кој се докажува потекло на валиден дигитален сертификат“, соопштија од МВР.

Вториот понудувач на тенедерот, трговското друштво за производство и трговија на големо и мало „КА-ДИС“ ДОО понудил превисока цена, односно Комисијата заклучила дека „вкупната цена без ДДВ е надвор од рамките на износот што е утврден со одлуката за јавна набавка (во висина од 279.952.583,60 денари без вклучен ДДВ), ја прави понудата несоодветна. Поради тоа и оваа понуда не се прифаќа“.

Двете компании кои учествуваа на тендерот имаат право на жалба до второстепената комисија во рок од осум дена.

Би можело да ве интересира

Приведен директорот на Геријатрија, зел мито од 20 илјади евра

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Наместо со виновниците за трагедијата во Кочани, МВР се пресметува со млади за статуси на ФБ

Лажни дојави за бомби во средни училишта во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами со лажни сообраќајки

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Уапсени се тројца чешки државјани, кај нив пронајдени се стари монети

А1он