Неколку населби и скопски села без струја

Од:

Корисниците од селата Арнакија, Раовиќ, Сејмениште, Чајлане, Ласкарци, Буковиќ, Паничари, објектите лоцирани кај езерото Треска, како и останатите стопански и нестопански објекти во овој реон, од 08 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

Од 09 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ – станбени објекти од број 180 до број 184 и корисниците лоцирани на подулиците број 2 и 4.

Во периодот од 08 до 14 часот без електрична енергија ќе останат корисниците лоцирани на улиците „Јордан Филиповски“, „Жил Верн“, „528“, „Тодор Паница“ и „Трпе Петровски“ во населбата Кисела Вода.

Како што соопшти Републичкиот центар за управување со кризи. Скопје, овие прекини се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реонот.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен