Две лица загинаа, а две се повредени синоќа во Мадрид, кога композиција на метро удри во ограда на крајот на линијата, соопшти службата за вонредни состојби.
Несреќата се случила на пробната лента во зоната каде метро возовите се паркираат ноќе во Лоранка, во јужното предградие на шпанската престолнија, изјави портпаролот на локалната служба за вонредни состојби.
Портпаролот истакна дека загинале еден маж и една жена, а оти се повредени една жена и четиригодишно дете кои се префрлени во болница.
Во возот немало други патници.
Загинатиот маж бил шеф на одржување во метрото, а жената млада Швајцарка која чувала деца. Жената која е префрлена во болница е сопруга на загинатиот, а детето нивен син.
Се уште не е јасно што барале тие во тоа време во метрото, но се претпоставува дека шефот на одржување им го покажувал возот на своето семејство.