Светската фудбалска феерација ФИФА размислува да ги стави судиите на „допинг“ тестови. Таа најави дека наскоро по одиграните натпревари, покрај фудбалерите и судиите ќе се проверуваат.
„Ние не се сомневаме во чесноста на судиите како и нивната состојба на натпреварите, но сепак ќе ги ставиме на тест“, изјави шефот на медицинскиот тим на ФИФА, Јиржи Дворжак и додаде – судиите се дел од натпреварите и заслужуваат исти третман како и останатите, ако ја поминат границата.