Германец вработен во база на НАТО обвинет за шпионажа

Од:

Германското Јавно обвинителство соопшти дека покренало обвинение против 60-годишен Германец за кражба на тајни воени документи од Воздухопловната база на НАТО, „Рамштајн“.

Како што информира портпаролот на Обвинителството, Маркус Келер, осомничениот Манфред К., кој бил вработен во Штабот на командата на Воздухопловната база, бил упасен вчера, под обвинение дека „дошол до државни тајни со намера да ги предаде на трета неименувана страна“.

Келер не прецизира кога биле украдени тајните документи и дали тие биле доставени на друга држава, нагласувајќи дека не соопштува такви информации во интерес на истрагата.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија