Бериша преку рефередум ќе го носи законот за имунитет

Од:

На денешната седница на албанската влада, премиерот Сали Бериша најави дека 94 отсто од граѓаните на Албанија се за одземање на имунитетот на пратениците и високите функционери, при што најави почеток на подготовки за рефендум по ова прашање искажуивајќи убеденост во неговиот успех.

Mнозинството во албанскиот законодавен дом синоќа по осумчасовна собраниска дискусија, не успеа да ја убеди опозицијата да гласа за законот за одземање на имунитетот на пратениците и други функционери.

Пратениците од владејачкото мнозинство и покрај претходното барање на опозицијата законот заедно со други измени во Уставот да се гласаат во септември, сепак го ставија на дневен ред, но опозицијата не попушти поради што и немаше гласање.

Бериша откако ја обвини опозицијата дека ги попречува европските интегративни процеси, најави спроведување рефендум по ова прашање.

Лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама изјави дека и опозицијата е за одземање на имунитетот, а доколку се одржи референдум тоа требало да биде заедно со некои измени во Уставот, кои се во полза на државата.

Инаку, Законот за одземање на имунитетот е многу битен за евентуалното членство на Албанија во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски