Лазаровски: Јакимовски не реализира капитални инвестиции во Карпош

Од:

Владата и Градот Скопје интензивно градат инфраструктурни, образовни и спортски објекти на територијата на општина Карпош, кои имаат за цел да го подобрат во голема мерка животот на граѓаните на Карпош, додека градоначалникот на општината Стевче Јакимовски не реализра капитални инвестиции, изјави денеска на прес-конференција Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јакимовски ја троши последната година од својот мандат како градоначалник на Општина Карпош и како што се ближат следните локални избори неговата нервоза и страв стануваат се поголеми. Граѓаните го осуетија неговото недомаќинско трошење на народните пари и реализирање на ситни, несуштински проекти кои беа само шминка на огромните скандали кои го следеа, изјави Лазаровски. Секогаш кога Јакимовски нема аргументи и кога не може да оправда зошто нема сработено ниту еден суштински проект во општината Карпош, додава тој, започнува да манипулира и се повикува на опструкции во работата и нереализирање на владини проекти во општината.

Дел од позначајните проекти што се изградени со помош на Владата и Градот Скопје се спортската сала „Борис Трајковски“ заедно со пропратните спортски содржини, картинг патеката, базенот „Младост“, но и планираниот „Аква парк“.

На територија на општина Карпош изградена е и училишната спортска сала во ОУ „Х. Т. Карпош“ во вредност од 21 милион денари. Токму оваа Влада префрли 24 милиони денари, средства за целосна реконструкција на опожареното училиште „Јан Амос Коменски“.

Во фаза на финализација е и изградбата на Етно село, нов и атрактивен туристички објект, кој ќе ја зголеми туристичката понуда на Карпош.

Градот Скопје само оваа година реализира изградба на три булеварски решенија со кои, истакна Лазаровски, целосно ќе се реши сообраќајните потреби на граѓаните во Карпош. Се гради втората фаза од „Булеварот Илинден“ во делот на Карпош вреден 64 милиони денари. Се гради втората фаза на „Булеварот Гологанов“ во вредност од 47 милиони денари. Се инвестираат 28 милиони денари за целосно ново булеварско решение МАНАПО, кое е во тек, со кое дополнително му се излегува во пресрет на инвеститорот Сити Мол, една од најголемите инвестиции во Општина Карпош. Се врши реконструкција на улицата „Козле“ во вредност од 21,5 милиони денари.

Граѓаните, смета Лазаровски, ќе ја казнат арогантноста на Јакимовски на следните избори, не само поради тоа што немаше чувство за нивните потреби, туку затоа што зад себе не остави ниту еден капитален проект сите овие години.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања