Тачи сака состанок со Николиќ

Од:

Премиерот на Косово Хашим Тачи подготвен е да се состане со претседателот на Србија Томислав Николиќ, изјави денеска заменикот премиер на Косово Хајредин Кучи.

Тој изјави дека Тачи е подготвен за состанок со Николиќ заради „доброто на двата народа, мирот, стабилноста и европската перспектива на регионот“, но и додаде дека тоа би биле разговори на претставници на две суверени држави.

Владата на Србија не бира претставници на Србија, ниту претседателот, Тоа право го имаат граѓаните. Со кој било, вклучувајќи го пртетседателот Николиќ, ако тој ја претставува државата Србија, ние во државата Косово заради доброто на двата народа, регионот и двете држави, подготвени сме да се сотанеме и тука нема ништо лошо, изјави тој за албанската телевизија Албаниан скрин.

Според него, состанокот би придонел за изградба на „поинаква иднина“.

Зборувајќи за северот на Косово тој оцени дека тамошните граѓани се „најизолирани во Европа бидејќи се заложници на група луѓе кои се занимаваат со илегална трговија“.

Луѓето на север во Косово не може да ги бираат своите претставници, не може да живета слободно, таму не функционира ред и закон и не може тој дел да се развива економски, оцени заменикот премиер на Косово. Тој вели дека Косово ќе работи на интеграција на тој дел од својата територија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина