Повеќе македонски села останаа без струја поради снежните врнежи

Од:

Повеќе села во земјава останаа без струја како последица на снежните врнежи, информира денеска Центарот за управување со кризи. Во информацијата се вели дека најсложена е ситуацијата во гостиварскo и во тетовскo.

Во Општина Тетово без електрична енергија се Попова Шапка, с. Лисец и с. Гајре, во Општина Брвеница без електрична енергија се селата Горен Челопек, Долен Челопек и Милетино, а во Општина Боговиње, без електрична енергија се селата Камењане, Палчиште и Калник.

Проблеми имало и во Гостиварско. ЦУК јавува за расчистување на патиштата кон повисоките планински населени места, за кои се очекува да бидат проодни во периодот од 16:00 до 17:00 часот.

Без електрична енергија се селата Вруток, Ново Село, Цветково, Церово, Речане, Беловиште, Здуње, Градец, Горна и Долна Бањица, Сушица, Ѓоновица, Куново, Трново, Трница, Врбјане, Сенче, Волковија, Нистрово и Белица.

И во Општина Врапчиште екипите работат на расчистување на патиштата кон повисоките планински населени места, меѓу кои Ѓурѓевиште, Врањовце и Ломница.

Во Општина Крива Паланка, експресниот пат до граничниот премин Деве Баир е прооден.

Проодни се и патните правци кон Калин Камен, с. Конопница и с. Дурачка Река. Расчистувањето на патиштата кон планинските села ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку се соочат со блокирани патишта, отежнато одвивање на сообраќајот, поплави или други итни ситуации, да го контактираат единствениот број за итни повици 112.

Би можело да ве интересира

Во Крушево паднаа 40 сантиметри снег

А1он

Невремето на источниот брег на САД слабее, околу 300.000 потрошувачи и натаму без струја

Забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража

Повеќе од 400 сообраќајни несреќи во Баварија поради снегот, се превртуваа и камиони

(ВИДЕО) Снегот ја парализира Србија, колони возила на автопатот „Милош Велики“

Горан Наумовски

Следната недела теператури до – 18 степени

Горан Наумовски