Во Крушево паднаа 40 сантиметри снег

Од:

Во Крушево ноќеска и утринава падна снег во висина од околу 40 сантиметри.

Поради снежните врнежи, екипите на ЈП „Комуна“ – Крушево, во координација со „Македонија пат“, се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од градските улици, локалните патишта и останатите сообраќајници.

Механизацијата интервенира за да се одржи проодноста на патиштата и да се овозможи безбедно движење на жителите и посетителите.

Градоначалникот Нико Чонески упати апел до возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината на условите на патиштата и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.

Би можело да ве интересира

Забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража

Повеќе од 400 сообраќајни несреќи во Баварија поради снегот, се превртуваа и камиони

(ВИДЕО) Снегот ја парализира Србија, колони возила на автопатот „Милош Велики“

Горан Наумовски

Следната недела теператури до – 18 степени

Горан Наумовски

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег

Денеска облачно и врнежливо време, на планините снег

Горан Наумовски