„Македонија пат“: Патиштата се чистат во континуитет, сообраќајот во земјава се одвива непречено

Од:

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ја информира јавноста дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Екипите на „Македонија пат“ целосно се мобилизирани и во изминатото деноноќие со сите расположливи човечки и технички ресурси во континуитет работат на терен за да се обезбедат непречени услови за безбедно одвивање на сообраќајот.

„Нашите екипи континуирано ја следат состојбата на патиштата и со максимална ангажираност се работи на терен на навремено расчистување, одржување и обезбедување на проодноста на патните правци, посебно на планинските превои.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да покажат дополнителна внимателност и одговорност при управувањето со своите возила.

Препорачуваме прилагодена брзина на движење согласно условите на патиштата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата особено во услови на намалена видливост. Потсетуваме на задолжително поседување на зимска опрема во возилата.

Јавното претпријатие во континуитет ја следи состојбата на патиштата и навремено ги ангажира сите расположливите ресурси, со цел обезбедување безбедни и проодни патни правци низ државата“, се вели во соопштението на претпријатието.

Би можело да ве интересира

Од утре сообраќаен режим на дел од автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот

„Македонија пат“: Проодни се сите патни правци во државата

Горан Наумовски

Да се остранат возилата на патот скијачки центар Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново повика „Македонија пат“

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Мечката, распната како трофеј, не разликува функционер од обичен граѓанин – некогаш ќе ни врати

A1on

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on