Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Од:

СДСМ објави документи од Централниот регистар за кои тврди дека покажуваат поврзаност на директорката на „Алта груп“ од Белград, Татјана Бундало, која е во притвор во Србија, со компании во Македонија.

На прес-конференција, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, рече дека случајот со „Алта банка“ и бизнисите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Српската напредна партија (СНС) има пошироки размери од досега објавените информации.

Според документите што ги презентираше СДСМ, Бундало е сопственичка на фирмата „Алта Реал Естате“ ДООЕЛ Скопје, а е поврзана и со „Алта груп“ ДООЕЛ Скопје.

Фрчкоски посочи дека Бундало, заедно со сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, е осомничена за кривични дела поврзани со изнесување околу 17 милиони евра во готовина од трезорот на банката. Тој се повика и на медиумски објави во Србија, според кои околу 370 милиони евра наводно никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно евидентирани.

Од СДСМ потсетуваат дека Мацура е член на Надзорниот одбор на „Алта банка“ АД Битола и дека ја купи ЗОИЛ „Македонија“ за 1,7 милиони евра.

„Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија“, рече Фрчкоски.

Тој праша кој ги донел овие бизнисмени во Македонија и со кого биле договарани зделките, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со бизнисите на релација Скопје – Белград.

Фрчкоски го посочи и претседателот на Советот на Народната банка, Трајко Славески, кој јавно кажал дека за влезот на „Алта банка“ во Македонија се консултирал со премиерот Христијан Мицкоски.

Од СДСМ прашуваат зошто Обвинителството, како и државниот јавен обвинител Ненад Савески, не преземаат активности и дали со тоа се штитат Мицкоски, Славески и други лица поврзани со случајот.

„Нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста“, порача Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Абази на надзорната расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска!

А1он

Уапсени се братот на Давор Мацура и директорката на „Алта Пеј Груп“

А1он

Ивановски: Финансиската полиција не ја проверувала Алта банка, не добила барање ниту од Народната банка

Фросина Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и има показатели за квалитетот на кредитното портфолио