Формирана граѓанска група „Студентите повторно победуваат“ за претседателските избори

Од:

Студентската листа денеска објави дека граѓанска група по име „Студентите повторно победуваат!“ е формирана во пресрет на претстојните претседателски избори закажани за 27 декември.

„Овој чекор претставува продолжување на нашите заеднички напори и подготовка за нов изборен процес. По парламентарните избори, на кои беа обезбедени 140 пратенички места, сега се соочуваме со нова можност граѓаните да одлучат за иднината на Србија“, се вели во соопштението на веб-страницата studenti.org.rs.

Потписници на граѓанската група се Александар Цветковиќ, Катарина Шќепановиќ, Душан Ѓурѓевиќ, Далиборка Пуриќ, Станислав Милошевиќ, Александра Штимац, Жељко Хубач, Милица Јовановиќ, Сања Фриќ, Мирослав Царч Бубњевиќ, Милица Васиљевиќ Благојевиќ, Горан Перишиќ и Мирјана Николиќ.

Студентската листа најави дека утре ќе одржи прес-конференција.

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, претходно денеска распиша претседателски избори за 27 декември.

Би можело да ве интересира

Чупиќ: Европските вредности треба да ги прифатиме заради граѓаните, а не поради Брисел

Пицула: Вистинскиот тест за новата влада во Србија допрва претстои

ВИДЕО: Уапсен и таткото на 17-годишникот кој пукаше во училиште во Крагуевац

ВИДЕО: Матуранот кој пукаше во училиштето во Крагуевац ја зел пушката од татко му, пред пукањето објавил фотографија со оружјето

ВИДЕО: Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени

Катерина Ѓуровски

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он