Кремљ: Украина се обидува да ја прошири војната на Балтикот и Медитеранот

Од:

Кремљ ја обвини Украина дека се обидува да го прошири воениот конфликт со Русија на Средоземното и Балтичкото Море, оценувајќи ги нејзините постапки како многу опасни.

Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во заедничка изјава во средата, по средбата на Флорида, порачаа дека Русија треба да избегнува потези што би довеле до проширување на војната во Украина, која ја започна со инвазијата во 2022 година.

Нивната изјава се толкува како предупредување до Москва внимателно да ја разгледа својата реакција на неодамнешните украински напади врз руски цели далеку од воената зона.

Украина во неделата со поморски дронови потопи руска воена корвета во либиско пристаниште, еден ден откако со дронови нападна руски товарен брод поврзан со руската војска во Финскиот Залив.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја заедничката изјава на Трамп и Руте, рече дека никој не сака проширување на конфликтот, но тврдеше дека токму Украина, а не Русија, се обидува да го прошири неговиот географски опсег.

„Кога станува збор за ескалацијата на конфликтот во Украина, се чини дека станува збор за обиди на режимот во Киев да го прошири географскиот опсег на конфликтот. Сведоци сме на терористички активности на режимот во Киев во Средоземното и Балтичкото Море“, изјави Песков пред новинарите за време на телефонска конференција.

Тој додаде дека ваквите постапки предизвикуваат загриженост кај крајбрежните држави, а веројатно и во НАТО во целина.

„Се разбира, никој не сака конфликтот да се прошири на нови подрачја, а станува збор за потенцијално многу опасни постапки на режимот во Киев“, рече Песков.

Либиските власти ги осудија постапките на Украина, а реакција имаше и од Италија, која порача дека Киев не требало да напаѓа руски бродови во либиските води и го предупреди да не ја проширува војната на нови подрачја.

И Норвешка, која силно ја поддржува Украина, ја повика земјата на претпазливост при изведувањето операции во Балтичкото Море, нагласувајќи ја важноста од зачувување на стабилноста во регионот.

Би можело да ве интересира

Таен канал до Путин преку руски олигарх: Финска и Норвешка спречиле ескалација на Балтикот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Руски напад на Запорожје, најмалку двајца мртви и 40 повредени

Катерина Ѓуровски

Медведев: Русија не само што има право, туку во различни ситуации е и должна да употреби нуклеарно оружје

Катерина Ѓуровски

Хегсет ја блокира испораката на ракети „Патриот“ за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Естонија ги затвора границите со Русија, гужви на премините

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп најави план за пошироко примирје во Украина

Катерина Ѓуровски