Вучиќ не сака СНС да учествува на претседателските избори во Србија, ама партија ќе одлучува за тоа на 13 декември

Од:

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, утре ќе распише избори за претседател на Републиката.

Тој ќе ја потпише Одлуката за распишување на изборите за претседател на Републиката во 12:00 часот, во централниот хол на зградата на Народното собрание.

Александар Вучиќ, шеф на пратеничката група на Српската напредна странка (СНС) во српскиот Парламент, пред неколку дена изјави дека е на став СНС да не учествува на претстојните претседателски избори, но дека партијата ќе донесе одлука за тоа во Парламентот на 13 декември.

Вучиќ за телевизијата „Пинк“ изјави дека тој лично е „поблиску до ставот да не им се даде таков вид на легитимитет“.

– Зошто би го направиле тоа додека нашите луѓе се прогонувани, малтретирани и шиканирани? Сепак, сосема е можно партијата да донесе поинаква одлука – рече Вучиќ.

Тој истакна дека во СНС не одлучува „пленумот“, туку луѓето, и додаде дека во Главниот одбор ќе има 1.000 нови луѓе, како и дека партиското собрание исто така ќе се изјасни за учеството на претседателските избори.

Вучиќ наведе дека во Претседателството ќе има најмалку 50 отсто нови луѓе и дека составот на тоа партиско тело ќе биде подмладен.

Пратеникот од Српската напредна странка, Владимир Ѓукановиќ, за весникот „Блиц“ изјави дека смета оти напредњаците не треба да учествуваат на претседателските избори.

– А што се однесува до претседателските избори – ако ги тепаат нашите активисти, ако ни ги палат просториите, ако ги заплашуваат луѓето, ако вршат рекет, ако владее целосна немоќ, тогаш кој може да води каква било нормална кампања во такви околности? Па, нека си изберат сами во оваа немоќ – рече Ѓукановиќ.

Тој додаде дека не гледа никаков начин, ниту пак постојат услови „за водење нормална кампања“.

– Партијата, се разбира, ќе донесе одлука за тоа. Но, според мене, ако се погледне на тоа на овој начин, мислам дека во тоа нема ништо – истакна Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран

Горан Наумовски

Вучиќ лично вршел притисок за да се отстранат пречките за изградба на хотелот на Трамп, објави „Фајненшл тајмс“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Победата ќе дојде малку побавно отколку што се надеваме, но многу побрзо отколку што некои очекуваат

А1он

„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него

Вучиќ: Сакав победа за вакви луѓе да не дојдат на власт; јас сум највиновен и историјата ќе ми суди за тоа

А1он

„Радар“: БИА ги прислушувала критичарите на Вучиќ – под надзор биле студенти, опозиционери, синдикалци и обвинител