Протест „Ниту една повеќе“ во Скопје: Македонија одамна не е добар родител на своите деца!

Од:

Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ организира попладнево протестен марш во Скопје.

„Ова е против институциите кои цела година молчат, а денеска на денот на елиминацијата на насилството врз жените слават и се веселат во скапи ресторани и хотели. Нема повеќе изговори, не да дозволиме да закопате уште една жена. Женската борба денес е борба за живот. Продолжува со сите нас и со почит кон сите жени, девојки и девојчиња чии животи беа насилно одземени“, беше истакнато на протестот кој започна пред македонското Собрание, а се очекува да заврши пред седиштето на Министерството за внатрешни работи.

„Македонија одамна не е добар родител на своите деца. Сите ние сме сираци на сопствената земја, како малиот Исак од „Големата вода“, романот на Живко Чинго, пробуваме да си направиме мајка од тоа што ќе се најде околу наск. Наместо мајка имаме ужасен татко – патријархат. На нашите жени постојано им се одзема животот. Тука емпатијата е клучна. Зар треба да мојата мајка, сестра, другарка да им се случи нешто толку одвратно за јас да сочувствувам со жени“, порачаа на протестот.

Активистите има се обратија на пратениците и ги потсетија дека во нивните фиоки имаат 8 закони за кои беше формирана работна група уште во април оваа година и кои уште не се донесени

„Рокот ви е до 10 декември. Во спротивно ќе го славиме денот на човековите права пред Собрание и нема да се откажеме од малкуте алатки коишто ни останаа да се заштитиме“, беше нагласено на протестот.

Би можело да ве интересира

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

„Ниту една повеќе“: Граѓаните бараат крај на насилството врз жените

Горан Наумовски

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот