За 20 години во Италија 57 свештеници добија затворски казни за злоупотреба на деца

Од:

Во текот на последните две децении во Италија, 57 свештеници биле правосилно осудени и испратени во затвор поради сексуална злоупотреба на деца.

Податоците потекнуваат од извештај објавен од Италијанската бискупска конференција (CEI), која го нарачала истражувањето, пренесува Ројтерс.

Скандалите поврзани со свештеници-педофили и прикривањето на нивните злосторства со децении ја погодуваат Католичката црква на глобално ниво.

Овие случаи го нарушија нејзиниот кредибилитет и доведоа до отштети во вредност од стотици милиони долари. Италијанската црква е цел на критики поради нејзината неподготвеност да се соочи со овој проблем, за разлика од Црквата во Франција, Шпанија или Германија.

Во тие земји, независни извештаи открија распространети сексуални злосторства извршени од припадници на свештенството во текот на долги временски периоди.

Извештајот, претставен во средата, опфаќа 378 случаи пријавени до црковните власти во периодот од 2001 до 2021 година.

Регистрирани се 880 одделни инциденти, 356 наводни сторители и 385 жртви. Во документот се наведува дека од 123 наводни сторители пријавени пред италијанските правосудни органи, 57 добиле правосилни пресуди и затворски казни.

Извештајот исто така открива дека против 218 свештеници биле покренати црковни дисциплински постапки, при што околу 70 отсто од нив биле прогласени за виновни. Од вкупно 356 наводни сторители, 87 биле исклучени од свештенството или привремено суспендирани, 39 заминале во пензија, а 67 починале.

Околу 70 отсто од пријавените жртви биле од машки пол, најчесто момчиња на возраст меѓу 14 и 17 години.

Во приближно 80 отсто од случаите станувало збор за сторители кои имале повеќе жртви, додека помалку од 30 отсто од пријавите се однесувале на конкретни сексуални дејствија.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Условна казна од една година затвор за наставничка во Франција по самоубиство на ученичка

А1он

Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

А1он

Судот му изрече 17 години затвор на турскиот државјанин кој уби сонародник во кафуле во Штип

А1он

За убиство на полициски началник во БИХ организаторот и извршителот добија 63 години затвор

А1он

„Седам во затворска ќелија, а околу мене убијци и силувачи“ – екс играчот на Арсенал и Ливерпул ја отвори душата

А1он