Вучиќ за апсењето на Драган Вучиќевиќ: „Срамота во современа Европа, уапсен е поради својата новинарска работа“

Од:

Главниот и одговорен уредник на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска беше уапсен во Белград, по што следуваше остра реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на седницата на Народното собрание.

Според првичните информации, припадници на органите на редот го пресретнале Вучиќевиќ пред зградата на телевизијата. Наводно, полициското возило не било означено, а уредникот на „Информер“ по приведувањето бил однесен во полициската станица во Вождовац.

Коментарот за апсењето, Вучиќ го даде во парламентот, обраќајќи им се на претставниците на опозицијата. Тој оцени дека станува збор за апсење поради новинарската работа на Вучиќевиќ, обвинувајќи ги неговите критичари за лицемерство.

– Го нападнавте и уапсивте човекот поради предизвикување паника. Н1 и Нова С не предизвикуваа паника, а тој предизвикувал? Ова е вистинска срамота во современа Европа. Ова ми кажува доволно, заедно со оваа навивачка група горе, со какви идиоти имаме работа. Јас го разбирам сладострастието поради туѓата несреќа. Се извинувам за зборовите што ги упатив, но така мислам, иако знам дека не смеам да го кажам тоа, рече Вучиќ.

Тој праша и до кога, како што рече, ќе трае „теророт на навивачката група во Собранието“.

Би можело да ве интересира

Уапсен e Драган Ј. Вучиќевиќ

Брнабиќ ја обвини „Студентската листа“ дека стои зад повиците за апсење на Вучиќ

Вучиќ: Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран

Горан Наумовски

Вучиќ: Не слушнавме извинување за нападот на Лидија Вукиќевиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Вучиќ: Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи, ќе видите каква политика ќе водат