Главниот уредник на српскиот весник „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, е уапсен.
Како што објави „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат од неуниформирани припадници на органите на редот на околу 50 метри од зградата на телевизијата.
Засега не е познато кој го уапсил Драган Ј. Вучиќевиќ, бидејќи возилото со кое биле лицата не било означено.
Според наводите, тој бил однесен во полициската станица во Вождовац.
