Денеска студено, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд

Од:

Синоптичарите за денеска најавија ведро и студено утро, а преку денот, времето да биде променливо облачно.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Најавен е слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, се очекува сончево и постудено време со мала до умерена облачност.

Најавен е слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

До недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни – над 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.

Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Би можело да ве интересира

Минусни температури утре и задутре, за викендот снег

Денеска облачно со дожд, на места засилен ветер

Претпладне дожд, попладне разведрување

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен