Потрагата по лавица забележана во истанбулската населба Ускумрукој, во општината Саријер, трае веќе 12 часа, а животното во текот на ноќта повеќе не било регистрирано со термалните камери. Екипите на надлежните служби се обидуваат да го фатат животното живо, при што користат и пушка со средство за успивање, но лавицата досега не била погодена, пренесува „Хаберлер“.
A lioness is spotted in Istanbul, LMAO.
Police is trying to locate and safely seize her https://t.co/r1wTOahtj3
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) November 22, 2026
Во акцијата учествуваат припадници на жандармеријата, полицијата, општинските служби и Управата за заштита на природата и националните паркови, со поддршка на стручни ветеринари.
Лавицата била забележана во неделата вечерта, по што надлежните служби ја започнале потрагата и презеле безбедносни мерки во областа. Еден од очевидците изјавил дека животното ненадејно истрчало пред неговиот автомобил додека тој ја пребарувал околината во потрага по лавицата. Градоначалникот на Саријер, Октај Аксу, за Си-Ен-Ен Турк изјави дека лавицата повремено се појавува на снимките од термалните камери, но екипите сè уште не успеале непосредно да ја забележат.
İstanbul’da yaklaşık 13 saattir aranan aslan, izini kaybettirdi. https://t.co/JGGdNB1Av2
— Popüler Gazete (@populergazete) November 23, 2026
Тој наведе дека се претпоставува оти станува збор за припитомена лавица, додавајќи дека животното било забележано во близина на шумска област покрај еден станбен комплекс. Лавицата поминувала и покрај кокошки, но не ги нападнала.
Аксу ги повика жителите да не ги напуштаат своите домови за да избегнат евентуална опасност и да овозможат непречено спроведување на акцијата.
Градската управа на Истанбул претходно соопшти дека снимките од лавицата биле направени во неделата околу 18 часот во населбата Ускумрукој, како и дека потрагата продолжува под координација на Управата за заштита на природата и националните паркови.
Целта на надлежните служби е лавицата да биде фатена жива, без да бидат повредени луѓе или самото животно.
