Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

Од:

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош при СВР Скопје денеска лишија од слобода 87-годишно лице од Скопје, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како управува патничко возило во спротивна насока на булеварот Партизански одреди.

Како што соопшти МВР, по преземените мерки и активности, полицијата утврдила дека станува збор за лицето И.Г. (87) од Скопје, кој е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело според член 297-а став 1 од Кривичниот законик.

Со лицето бил извршен службен разговор во просториите на Полициската станица Карпош, а во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Возилото е привремено одземено за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

МВР: Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто