Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

Од:

Лидерот на израелската партија „Јашар“, Гади Ајзенкот, денеска навести дека ќе започне со формирање малцинска влада – која веројатно би зависела од поддршката на двете арапски партии во израелскиот парламент – доколку пропаднат неговите напори за формирање коалиција со мнозинство.

Во објава на социјалните мрежи, тој наведе дека столбот на владата би го сочинувале четири партии предводени од Евреи, кои се противат на премиерот Бенјамин Нетанјаху – „Јашар“, „Б’Јахад“, „Демократите“ и „Израел Бејтену“.

Лидерот на последнава, Авигдор Либерман, претходно изјави дека нема да поддржи малцинска влада што би зависела од арапските партии, пренесува „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel).

Ајзенкот изјави дека пратениците треба да одлучат дали сакаат нова влада или нови избори.

Тој го обвини таборот на Нетанјаху за вршење притисок врз неговиот блок и го повика премиерот да ја осуди реториката што поттикнува насилство.

Предупреди дека кампањата со која арапските партии и нивните гласачи се етикетираат како „поддржувачи на тероризмот“ може брзо да ескалира во физичко насилство, потсетувајќи на неодамнешните инциденти во северниот дел на Израел, вклучително и палењето на џамија и нападот со автомобил врз арапски граѓани на Израел.

Тој наведе дека разговорите со партиите продолжуваат и дека ќе ѝ даде уште една шанса на партијата „Ликуд“ на Нетанјаху, и покрај „раскорот помеѓу реториката и подготвеноста за дејствување“.

Ајзенкот истакна дека не сака да одолговлекува и дека во вистинскиот момент ќе побара одобрување од парламентот за формирање нова влада под негово водство.

Од партијата „Ликуд“ соопштија дека во недела ќе одржат втора рунда преговори со Ајзенкот.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна