Путин ги повика Украинците да се обединат со Русија: Да размислуваме за иднината на нашите деца!

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес ги повика Украинците – и покрај сите тековни трагедии – да размислуваат за иднината и да ги здружат силите со Русија, за да бидат на заедничката, вистинска страна на историјата.

Путин оцени дека во Украина, наместо патриоти, на власт дошле националисти, а земјата се користи како алатка за слабеење и потчинување на Русија.

„Патриотизмот се разликува од национализмот, како што знаеме, по тоа што патриотите ја сакаат својата земја, додека националистите ги мразат другите народи. Тоа е разликата. Но, оваа омраза кон другите народи нема да ве однесе далеку“, нагласи Путин.

Рускиот лидер ја поврза моменталната конфронтација со обидите на надворешни сили да ја ослабат и потчинат Русија, применувајќи ја стратегијата „завојувај и владеј“ – што воопшто не е во интерес на Украина, пренесе „Спутник“.

„И затоа, кога станува збор за Украинците, би сакал тие да го слушнат ова: без оглед на тоа што се случува, без оглед на трагедиите што се одвиваат денес, треба да размислуваме за иднината, за иднината на нашите деца. Треба да сфатиме дека, ако сакаме да бидеме силни, значајни и да имаме услови за добар развој, секако мораме да бидеме заедно. Во таа смисла, мораме да ги здружиме силите за да ги оствариме заедничките цели“, истакна Путин.

Како што изјави тој, луѓето во Русија и Украина треба да се стремат кон обединување – не нужно во рамките на една држава, туку во поширока смисла на зборот.

Според него, актуелните настани се поврзани со обидите да се намали потенцијалот на Русија, а сите треба да бидат свесни за тоа, вклучително и оние што живеат на територијата на денешна Украина.

„Имајќи го тоа предвид, сметам дека сите ние, вклучително и луѓето што живеат на територијата на денешна Украина, треба да се стремиме кон обединување. Не нужно во рамките на една држава – воопшто не станува збор за тоа – туку кон обединување во најширока смисла на зборот“, појасни Путин.

Низ целата руска историја, противниците се обидувале да ја ослабат Русија, водејќи се од принципот „раздели па владеј“. Денешните настани се продолжение на истата политика, наведе Путин.

Рускиот претседател истакна дека Украинците треба да разберат оти Западот не го поддржува режимот во Киев во конфликтот со Русија без причина, туку дека тоа го прави заради сопствените интереси – со цел да ги „ослаби, распарчи и демонтира“ страните во конфликтот, а потоа да ги потчини на својата волја.

Би можело да ве интересира

Руте: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

А1он

Виткоф и Кушнер го напуштија Кремљ по два часа разговори со Путин

А1он

Путин: Русија е подготвена за војна со Европа!

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он