„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него

Од:

Александар Вучиќ, на третиот ден од конститутивната седница на Собранието на Србија, одговори на обвинувањата на Јово Бакиќ за неговите врски со криминалци. Тој на својот мобилен телефон пушти снимка од сопругата на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља.

Бакиќ, пратеник од Студентската листа, претходно во текот на седницата го обвини Вучиќ дека соработувал со криминалци како Вељко Беливук.

Вучиќ во своето обраќање одговори на овие обвинувања со снимка на која сопругата на Беливук, по поразот на Српската напредна партија (СНС), зборува дека за неа е најважно што државата сега е „слободна“.

„Еве, јас ќе ви пуштам, почитувани граѓани, за сите да слушнете. Ова го правам за граѓаните. За неа е најважно што оваа земја е слободна и што нејзините деца живеат слободно во Србија. Ова е сопругата на токму споменатиот Вељко Беливук, која најмногу се израдувала на победата на Јово Бакиќ и Студентската листа“, рече Вучиќ додека ја пушташе снимката.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Сакав победа за вакви луѓе да не дојдат на власт; јас сум највиновен и историјата ќе ми суди за тоа

А1он

(ВИДЕО) Јогурт врз пратеничка пред српското Собрание: Србија ги смени властите, но не и политичките навики

Предраг Петровиќ

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба