Си: Нуклеарното оружје е меч што виси над човештвото

Од:

За време на трилатералната средба со Доналд Трамп и Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди на опасноста што ја претставува нуклеарното оружје, опишувајќи го како „Дамоклеч меч што виси над човештвото“, пренесуваат кинеските државни медиуми.

„Нуклеарното оружје треба целосно да се забрани и целосно да се уништи. Никој не може да победи во нуклеарна војна, и таква војна никогаш не смее да се води“, изјави Си.

„Дамоклеч меч“ – израз што потекнува од една старогрчка приказна – се однесува на постојана закана која може да доведе до катастрофални последици.

Во заедничката изјава објавена по средбата, Кина, Русија и САД се обврзаа на дијалог за „намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје“.

За време на средбата, Трамп исто така нагласи дека е „клучно“ трите нации да соработуваат со цел да се спречи ширењето на нуклеарното оружје во други земји ширум светот.

Би можело да ве интересира

Трамп, Путин и Си објавија заедничка изјава, се договорија за четири точки

Горан Наумовски

Баро за средбата на Трамп, Путин и Си: „Од тој состанок нема да има ништо“

Си: Мораме да сториме сè за да спречиме нуклеарна војна

Си го предупреди Трамп во врска со Тајван, лидерите разговараа и за вештачката интелигенција

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Си до Трамп и Путин: Мораме да учиме од историјата и заеднички да ги решаваме проблемите