Вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 32.000 денари, Обвинителството бара притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), осомничен за примање поткуп во износ од 32.000 денари. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

– Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичен законик. Осомничениот како службено лице – вработен во ДЗС во Одделение за издавање урбанистички согласности бил овластен да потпишува, дава мислење и издава согласност на просторни и урбанистички планови и проекти од аспект на заштитата и спасувањето и елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. За да изврши службено дејствие, што не смеел да го изврши, односно да даде согласност за елаборат, иако тој не ги исполнувал условите за градба во делот за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, осомничениот директно побарал и примил поткуп од едно лице во износ од 32.000 денари – соопштија од Јавното обвинителство.

Поради постоење ризик од бегство, можност осомничениот да го повтори делото и опасност од влијание врз сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Од Обвинителството посочуваат дека предлогот за притвор е заснован на природата на кривичното дело, начинот и околностите под кои било сторено, неговите последици и позицијата на осомничениот.

Би можело да ве интересира

Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување е приведен поради барање поткуп

Горан Наумовски

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски