По неколкудневно набљудување, полициски службеници од Полициската станица „Стари град“ во Белград во понеделникот ја уапсија Д.Л. (48) од Словенија, осомничена за трговија со дрога.
Според неофицијални информации, таа е приведена во моментот кога на Љ.О. (83) му продала две кесички со околу четири грама хероин.
При претресот на самото место, кај осомничената била пронајдена уште една кесичка со околу два грама хероин.
Полицијата набргу изврши претрес и во станот каде што Д. Л. престојувала без пријавен престој.
Таму биле пронајдени уште шест кесички со околу 12 грама хероин, како и 68.800 динари и 65 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на дрога.
Вкупно биле запленети околу 18 грама од оваа наркотична супстанца.
По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, осомничената Д.Л. е задржана во притвор до 48 часа поради сомнение дека го сторила кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, додека осумдесет и тригодишниот купувач се товари за неовластено поседување наркотични дроги.
