МВР: Напаѓачот на Сара Ѓорѓиеска имаше 1,29 промили алкохол во крвта

Од:

Веднаш по добивањето на пријавата, СВР Охрид ги презеде сите оперативни и други мерки со цел навремено, брзо и целосно реализирање на пријавата, по што е оформен посебен тим од полициски службеници за целосно и брзо решавање на кривичното дело, изјави на денешната прес конференција Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, откако охридската, но и македонската јавност ја вознемири немилиот настан со претепувањето на 26-годишната Сара Ѓорѓиеска, од страна на нејзиното момче, 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид.

– Преземени се сите мерки, извршено е алкотестирање на можниот сторител, односно лицето против кое е поднесена пријавата. Кај него се констатирани 1,29 промили алкохол во крвта, по што и по овој основ против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Сите мерки кои се преземаат се во координација со Јавниот обвинител. Извршен е целосен разговор со оштетената и со сторителот, како и анкети со лица кои се можни сведоци, или имаат одредени информации за овој настан. Извршени се прегледи на безбедносни камери, се’ со цел да се утврди вистинитоста на сите околности, пред и по случувањето на овој настан. Информациите се доставени до Јавниот обвинител. со кого сме во координација за да се доутврдат сите детали, изјави Димоски.

Би можело да ве интересира

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Савески: Исказот на жртвата е клучен доказ во истрагата за случајот во Охрид

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

Петровска: Тоа што Сара преживеала не смее да биде изговор за потценување на нападот

Левица бара одговорност од полицијата, Обвинителството и судот за постапувањето во случајот со претепаната Сара од Охрид

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара