Пијан 41-годишен возач е уапсен поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици.
Вчеравечер, во местото Преспа близу Бјеловар (централна Хрватска), тој преминал во спротивната коловозна лента и удрил во автомобил, при што загинала 80-годишна сопатничка, а 59-годишната возачка се здобила со тешки телесни повреди.
Од силината на ударот, автомобилот со кој управувала 59-годишната жена бил отфрлен наназад во канал.
Нејзината сопатничка починала на самото место, а возачката била пренесена во болницата во Бјеловар со возило на брза помош.
Со алкотест кај возачот било утврдено присуство на 1,29 промили алкохол, по што тој бил уапсен под сомнение за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, соопштија денеска од полициската управа.
Телото на починатата е испратено на обдукција.
