Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел синоќа во провинцијата Илам, во западен Иран, изјави денеска гувернерот на округот Абданан, Бехзад Нурмохамади.
Нурмохамади за иранската новинска агенција ИРНА изјави дека повредените се пренесени на лекување во болници во Илам, Дехлоран, Дезфул и Абданан.
Според него, на местото на несреќата биле испратени 12 спасувачки екипи со 32 члена, шест возила на брза помош и шест возила за помош и спасување.
