Најголемото сиртаки во светот ќе се бори за место во Гинисовата книга на рекорди, објавија грчките медиуми.
На 31 август во ритамот на „Гркот Зорба“, ќе танцуваат над две илјади лица на плажа во Волос, централна Грција.
Организаторите ветуваат вино и ципура за сите учесници како и директно пренесување преку телевизија. Во моментот, како што објави радиото Скај, се вршат подготовки за сиртаки од страна на специјални кореографи. На Фејсбук веќе има група која собира луѓе кои сакаат да учествуваат.