Американскиот специјален претставник Џаред Кушнер по завршувањето на трилатералните преговори во Абу Даби изјави дека е постигнат договор за размена на голем број воени заробеници.
Според него договорено е „најголемо хуманитарно ослободување на затвореници“ и оти нивната бројка ќе биде позната утре.
И шефовите на руската и украинската делегација Владимир Медински и Рустем Умеров потврдија дека е планирана размена на воени заробеници.
Кушнер најави дека заедно со Стив Виткоф утре ќе отпатуваат во Москва каде ќе се сретнат со претседателот на Русија, Владимир Путин, а потоа во Даблин ќе имаат средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
