Драма како од филм се одвиваше на магистралниот пат во близина на Бања Лука, кога еден пациент скокна од возилото на брза помош среде сообраќаен метеж и се обиде да избега.
Во потерата по него се вклучија полицаец од придружбата, како и припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), кои случајно се затекнаа на лице место.
Инцидентот се случи кај „Приједорска петља“, каде што, поради претходна сообраќајна несреќа, имало долги колони возила.
Возилото на брза помош од Приједор, кое се движеше под полициска придружба, мораше да забави поради метежот, пренесуваат „Независне“.
Пациентот го искористи моментот, ја отвори вратата од возилото и истрча на патот, обидувајќи се да избега. Полицаецот што го придружуваше возилото веднаш тргна по него.
