Судијката Марковска отсутна поради здравствени причини, одложено судењето за „Онкологија“

Од:

Судското рочиште за предметот „Онкологија“, што се води пред Основниот кривичен суд Скопје, денеска, беше одложено поради отсуство на судијката Снежана Марковска од здравствени причини.

Од Судот информираат дека следното рочиште ќе се одржи на 25 ноември, по претходно закажаните термини.

На последното рочиште, одржано на 5 октомври, Обвинителството ги оспори заклучоците на вештакот на одбраната Владимир Даниловски за терапијата применувана кај онколошките пациенти. На вкрстеното испрашување, обвинителството побара од вештакот да образложи врз основа на кои официјални протоколи ги темели заклучоците дека конкретната терапија била соодветна.

Одбраната, пак, преку адвокатот Боби Спирковски, кој го застапува поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, оцени дека суштинското прашање во постапката е дали применетата терапија ја влошила здравствената состојба на пациентите или предизвикала нивна предвремена смрт, а не изборот на конкретни лекови.

Во случајот, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката првично се водеше и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина и беше осудена на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што, според обвинителството, кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на нивната здравствена состојба.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

„Онкологија“: Вештото лице одговараше за критериумите за онколошки третман, судот го одби барањето на Васев за изземање на Ристески

Случај „Онкологија“: Одбраната тврди дека медицинските одлуки не биле одговорност на еден човек

Вештак на судењето за „Онкологија“: кај пациенти со напредната малигна болест, мора да се докаже причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот

Нема радиоактивна контаминација и пацентите и апаратите се безбедни, велат од Онкологија откако вчера имаше поплава во клиниката

Екс директорот на Онкологија излегува од притвор

А1он