По социјалните мрежи се проширија вознемирувачки тврдења дека Ава Карабатиќ наводно загинала по пад од тераса на стан во Загреб, по што старлетата се огласи и ги демантираше овие наводи.
Одредени лица кои се претставуваат како пријатели на Ава Карабатиќ претходно објавија проштални пораки и гласовни снимки во кои изнесуваа тврдења дека таа скокнала од терасата. Овие информации предизвикаа голема загриженост меѓу нејзините следбеници, но и меѓу луѓето од нејзиното опкружување.
Сепак, Ава се огласи и откри што всушност се случило, наведувајќи дека завршила во Итна помош, но од сосема друга причина.
Старлетата така им стави точка на гласините за својата наводна смрт и порача дека е добра, но и дека целата ситуација многу ги потресла неа и нејзините блиски пријатели.
Посебно ја погодило тоа што луѓето од нејзиното опкружување поверувале во вознемирувачките тврдења, поради што најави дека одговорното лице ќе го пријави за ширење лажни информации.
