Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денеска изјави дека проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на Европа.
Пирц Мусар повика на поголемо единство во ЕУ со оглед на променливите геополитички околности, порачувајќи им на дипломатите на ЕУ акредитирани во Словенија дека Брисел мора да се прилагоди и да ја зајакне својата улога на меѓународната сцена.
„ЕУ не смее да си дозволи да биде поделена во време кога светот се соочува со големи геополитички промени. Нејзината сила лежи во единството, почитувањето на меѓународното право и вредностите што нè поврзуваат“, напиша Пирц Мусар на социјалната мрежа „X“ по средбата со дипломатите на Унијата акредитирани во Словенија.
Пирц Мусар наведе дека ЕУ мора да биде способна да дејствува обединето доколку сака да биде посилна и повлијателна.
