Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

Од:

На Попова Шапка утрово се регистрирани -3 Целзиусови степени, 1 – Маврови Анови, 2 – Лазарополе, 3 – Крушево, 4 – Берово, Претор, 5 – Крива Паланка, Охрид, 6 – Виница, 7 – Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, 8 – Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица, 9 – Скопје-Петровец, 10 – Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за до 8:30 часот денеска.

Според синоптичарите, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така се очекува променливо облачно време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 Целзиусови степени.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Најстудено на Попова Шапка, а најмногу дожд во Тетово

Голема потрага по планинарка од Бугарија – исчезна на Попова Шапка

Бандера со струја во спалната соба-нови архитектонски стандарди на Попова Шапка

Горан Наумовски

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот