Мајка ја претепала до смрт едногодишната ќерка во Нови Сад, уапсен и таткото

Од:

Полицијата во Нови Сад уапси 33-годишна жена со иницијали А. Ш., осомничена дека на 2 ноември вечерта ја убила својата едногодишна ќерка. Уапсен е и таткото на детето, 54-годишниот Т. Ш., под сомнение дека не ѝ пружил помош на својата ќерка, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Според наводите на обвинителството, мајката ѝ нанела повеќе удари по телото на девојчето, од кои детето починало.

Таа е осомничена за тешко убиство, кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.

Таткото се товари за непружање помош, за што е предвидена затворска казна од три месеци до пет години.

На двајцата осомничени им е одредено задржување до 48 часа. Во тој рок треба да бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по што ќе продолжат доказните дејствија во рамки на истрагата.

Според српскиот портал „Нова.рс“, случајот се истражува како сомнение за тешко убиство.

Би можело да ве интересира

Нови Сад се сеќава на жртвите: Граѓани од цела Србија се собираат кај Железничката станица

Горан Наумовски

Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: 16 лица загинаa, a судењето сè уште не е почнато

Горан Наумовски

Студентите во Белград, Нови Сад и Ниш денес одбележуваат 22 месеци од уривањето на настрешницата

Горан Наумовски

Маж падна од Петроварадинската тврдина – во несвест пренесен во болница

А1он

Брнабиќ: Статијата на „Форбс“ открива поради што се случи трагедијата во Нови Сад

Пронајдено e петгодишното девојче кое исчезна во Нови Сад

А1он